Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси се согласи да го отвори преминот Рафа на границата со Газа за да дозволи до 20 камиони со помош да влезат во Газа.
Ова доаѓа по посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Израел. Бајден рече дека пратките со помош би можеле да почнат да пристигнуваат уште во петок.
Повеќе од 200 камиони и околу 3 000 тони помош се на или во близина на преминот Рафа, единствената врска на Газа со Египет.
Не се споменува дека на луѓето ќе им биде дозволено да ја напуштат Газа преку Рафа. Запрашан од новинарите за таа можност, Бајден рече: „Ќе ги извлечеме луѓето, но нема да навлегувам во детали со вас сега“.
Видете и ова: Египет и Франција побараа испорака на помош за Газа преку преминот РафаГолем број луѓе и камиони со залихи за помош се наредени на страната на Газа или Египет, чекајќи го повторното отворање.
Претседателот Бајден рече дека тој и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси се согласиле тесно да соработуваат за да поттикнат „итен и силен меѓународен одговор“ на хуманитарниот апел на ОН.
Претходно Белата куќа соопшти дека двајцата лидери разговарале за тековната координација за испорака на хуманитарна помош во Газа и механизмите за обезбедување дека помошта се дистрибуира во корист на цивилното население.
Бајден и Ал Сиси се согласија за потребата од зачувување на стабилноста на Блискиот Исток, спречување на ескалација на конфликтите и создавање услови за траен мир во регионот, соопшти Белата куќа.
Портпаролот на Пентагон Џон Кирби додаде дека Соединетите Држави се надеваат дека на крајот ќе биде дозволено да преминат повеќе камиони со помош.