Европската Комисија (ЕК) предложи построги мерки во рамките на механизмот за укинување на безвизниот режим, во случај на недоволна усогласеност на земјите со визната политика на Европската унија (ЕУ), хибридни закани и доделување економски државјанства.
Како дел од пакетот нови мерки за зајакнување на безбедноста на ЕУ и управувањето со миграцијата, ЕК предвидува проширување на основата за суспензија на безвизното патување во земјите од Шенген зоната.
Во моментов, тој механизам може да се активира во одредени случаи, како што е ненадејно и големо зголемување на неправилната миграција или безбедносните ризици.
Пакетот нови мерки го претстави комесарот за европски начин на живот, Маргаритис Схинас, истакнувајќи дека системот за безвизно патување бара постојана будност.
„Затоа предлагаме посилен механизам кој би вовел мерки за брза борба против злоупотребите“, рече Скинас.
Видете и ова: Пленковиќ: БиХ и Србија да го усогласат визниот режим со ЕУЕврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон рече дека безвизното патување носи предизвици за кои ЕК треба да има подготвен одговор.
„Затоа треба да го зајакнеме мониторингот на безвизните режими и да имаме посилен механизам за суспензија“, рече Јохансон.
Предлогот на ЕК за зајакнување на овие мерки ќе го разгледаат Европскиот парламент и Советот на Европската унија.