Синагога во Берлин била нападната со молотови коктели во утринските часови на 18 октомври, соопшти берлинската полиција.
Според овие информации, неколку полицајци биле повредени во текот на ноќта во немирите на муслиманските имигранти во областите Нојкелн, Кројцберг и Бранденбуршката порта.
Заедницата Кахал Адас Јисроел објави дека две запалени шишиња биле фрлени од улицата на нејзиниот верски објект во населбата Мите. Комплексот згради во оваа населба во центарот на Берлин вклучува синагога, градинка и центар на заедницата.
АП пренесува дека антисемитските инциденти во германската престолнина се интензивирале по ескалацијата на насилството на Блискиот Исток.
Видете и ова: Стотици убиени во експлозија во болница во Газа, Израел негира одговорностПолицијата го засили обезбедувањето на еврејските институции во Берлин и низ Германија, но израелските знамиња пред градските институции низ Германија се запалени и искинати. Ѕвездите на Давид се насликани на вратите и ѕидовите на неколку згради во Берлин каде живеат Евреи.
Имено, на 7 октомври палестинската милитантна група Хамас го нападна Израел при што загинаа најмалку 1.400 луѓе. Израел возврати со масовно гранатирање на окупираниот Појас Газа, во кое досега загинаа најмалку 3.500 лица.