Му требаат ли на Скопје нови трговски центри или театри, саеми, паркови...?

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Во центарот Скопје никна нов трговски центар - „Дајмонд мол“... Во Аеродром се е подготвено за отворање на „Џевахир мол“. Од пред некоја година го има „Ист гејт“, а пред него и „Сити мол“, Рамстор мол, Капитол, Веро центар... Петте најголеми молови во Скопје се со површина од над 100 илјади квадратни метри или колку половина од големиот скопски Градски парк. Фаќаат место колку 50 театри колку МНТ или колку 30 „Филхармонии“. Повеќето граѓани велат дека во време на беспарица и инфлација не ни требаат толку многу молови, а експертите додаваат дека не нови молови, туку саеми, концертни сали, паркови... е она што им треба на граѓаните и на државата