Бајден ќе го посети Израел додека се влошува хуманитарната криза во Газа

Џо Бајден, претседател на Соединетите Американски Држави (САД)

Американскиот претседател Џо Бајден ќе отпатува во Израел и во Јордан за да се информира за воените цели на Израел во претстојна битка со Хамас и да ја нагласи потребата од хуманитарна помош за цивилите во Газа.

Во среда, Бајден во Тел Авив ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со други официјални претставници, додека Израел подготвува копнена офанзива.

Потоа, Бајден ќе одлета во Аман, главниот град на Јордан, на разговори за забрзување на хуманитарната помош за Газа. Во Аман, Бајден ќе се сретне со јорданскиот крал Абдула, египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој долго време се противи на Хамас и чија организација спроведува ограничена самоуправа на Западниот брег, окупиран од Израел.

Видете и ова: Светот страхува од нова војна во Газа


Второто патување на Бајден во воената зона во текот на оваа година (тој ја посети Украина во февруари), носи одреден ризик. Неговата цел ќе биде да ја покаже американската солидарност со Нетанјаху додека се обидува да избегне поширока регионална војна во која ќе бидат вклучени Иран и неговиот либански сојузник Хезболах и Сирија.

Претседателот на САД, исто така, сака да спречи хуманитарна катастрофа во Газа, за каде властите велат дека повеќе од 2.800 луѓе веќе се убиени во израелските бомбардирања во текот на минатата недела.

Видете и ова: Египет и Франција побараа испорака на помош за Газа преку преминот Рафа

Стотици тони помош од неколку земји со денови се на египетскиот полуостров Синај, во очекување на договор за безбедно доставување во Газа и евакуација на сопственици на странски пасоши преку преминот Рафах.

„Тој јасно ќе стави до знаење дека сакаме да продолжиме да работиме со сите наши партнери во регионот, вклучително и Израел, за да добиеме хуманитарна помош и да обезбедиме некој вид безбеден премин за цивилите да излезат“, рече портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби.

Црвените линии на Изреал

Бајден и Нетанјаху, фрлени во воено партнерство и покрај длабоките политички разлики на патот кон напред на Блискиот Исток, ги здружија силите. Бајден му даде целосна поддршка на Израел додека ја нагласи потребата да се спречи огромната хуманитарна криза во Газа.

Нивната средба лице в лице, по неколку телефонски разговори по нападите на Хамас на седми октомври, ќе му овозможи на Бајден приватно да разговара за загриженоста и за можните црвени линии во претстојната инвазија на Газа.

Видете и ова: Болниците во Газа се полни со луѓе, храната и водата се при крај

Бајден ќе добие и информација за големиот број заложници земени од Хамас. Стејт департментот соопшти дека 29 државјани на САД биле убиени во нападите на Хамас во Израел, а 15 граѓани и еден законски постојан жител не се евидентирани.

Израел вети дека ќе го уништи движењето Хамас.

Бајден јасно ќе каже дека „Израел има право и навистина должност да го брани својот народ од Хамас и другите терористи и да спречи идни напади“, изјави државниот секретар Антони Блинкен за новинарите по повеќечасовните разговори со претставници на израелскиот воен кабинет во Тел Авив.

Тој рече дека Израел ќе го информира Бајден за своите воени цели и стратегија и за тоа како ќе ги спроведува операциите „на начин што ќе ги минимизира цивилните жртви и ќе овозможи хуманитарната помош да дојде до цивилите во Газа на начин што нема да му користи на Хамас“.

„САД и Израел се согласија да развијат план кој ќе овозможи хуманитарна помош од државите донатори и мултилатералните организации да стигне до цивилите во Газа“, рече Блинкен.