Израел предупредува на долга војна против Хамас, Блинкен вети поддршка

Американскиот државен секретар Антони Блинкен, десно, и израелскиот министер за одбрана Јоав Галант даваат кратки изјави за медиумите во Кирија, израелското Министерство за одбрана, понеделник, 16 октомври 2023 година, во Тел Авив.

Израел предупреди на долга, но, како што вели изралскиот министер за одбрана Јоав Галант, победничка војна против Хамас. Оваа изјава тој ја даде по средбата со мериканскиот државен секретар Антони Блинкен, кој го посети Израел по втор пат во последните неколку дена.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека и Израел и остатокот од светот можат „со свои очи да ја видат“ силната американска поддршка.

„Ова ќе биде долга војна, цената ќе биде висока, но ние ќе победиме - за Израел, за еврејскиот народ и за вредностите во кои веруваат двете земји“, рече Галант по разговорот со Блинкен во Министерството за одбрана во Тел Авив.

Блинкен изјави дека САД се „длабоко посветени на правото на Израел да се брани“.

Видете и ова: Египет и Франција побараа испорака на помош за Газа преку преминот Рафа

„Ја имате и секогаш ќе ја имате поддршката од САД“, рече Блинкен, кој се сретна и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како и со претседателот Исак Херцог.

Блинкен требаше да се сретне и со главниот израелски опозициски лидер Јаир Лапид, кој го обвини Нетанјаху дека не успеал да го спречи нападот и одби да се приклучи на вонредната влада што ја формираше Нетанјаху.

Блинкен во четвртокот го посети Израел, пред да посети шест арапски земји, а во понеделникот на 16 октомври повторно се врати во земјата.