Иран смета дека е време за политичко решение на конфликтот меѓу Израел и Хамас, предупредувајќи на „можноста војната да се прошири“.
„Иранскиот претседател Ебрахим Раиси телефонски разговараше со своите колеги од Русија и Турција, предупредувајќи на „продолжување на злосторствата на ционистичкиот режим“, објави неговиот заменик Мохамад Џамшиди на социјалната платформата „Икс“ претходно позната како Твитер.
За време на телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, Раиси предупредил на „можноста конфликтот да се прошири и на други фронтови“.
„Ако тоа се случи, ќе биде потешко да се контролира ситуацијата“, како што пренесува државната новинска агенција ИРНА, рекол Раиси.
Видете и ова: Болниците во Газа се полни со луѓе, храната и водата се при крајЗа време на разговорот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како што објави ИРНА, Раиси рекол дека „од витално значење ќе бидат и минутите за да се спречат бруталните напади на Израел врз Газа“.
Иран, кој го поддржува Хамас, постојано предупредуваше дека копнената инвазија на Газа, најавена од Израел, ќе биде дочекана со одговор од други области, што ги зголемува стравувањата од поширок конфликт во кој би можеле да бидат вклучени и други земји. Раиси најави дека Иран е подготвен да испрати хуманитарна помош во Газа.