Русија со ракетни напади го одбележува 600-тиот ден од војната против Украина

Илустрација

Русија во 600- тиот ден откако ја започна својата инвазија врз Украина, денеска на 16 ти октомври продолжува со нападите со проектили, беспилотни летала, воздушни напади и артилерија. Украинската војска објави дека Русија лансирала 10 проектили и 12 беспилотни летала камикази, при што воздухопловните сили тврдат дека собориле два од проектилите насочени кон северот и истокот на Украина.

Единаесет од беспилотните летала, главно насочени кон западна Украина, биле соборени, тврдат украинските воздухопловни сили.

„За жал, меѓу цивилното население има мртви и повредени“, соопшти украинската војска, без да даде податоци за жртвите.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Со помош на децата, Украинка се справува со загубата на тројца членови на семејството


Гувернер на источниот регион Полтава, Филип Пронин изјави дека тројца цивили се хоспитализирани откако регионот бил нападнат со беспилотни летала и проектили.

„За среќа, не беше погодена цивилна или критична инфраструктура.Меѓутоа, фрагменти од проектил оштетија неколку приватни домови“, напиша Пронин на социјалната платформа Телеграм.

Украинските власти тврдат дека денеска Русија извршила воздушни и артилериски напади во јужниот регион Запорожје.

Видете и ова: Шест лица загинаа во руското бомбардирање на Украина


Војската соопшти дека продолжува да ги брани истокот и југот на Украина од руските офанзивни маневри, додека украинската контраофанзива за враќање на територијата окупирана од руските сили продолжува на југоисток во правец на Мелитопол во регионот Запорожје.

Украинските воздухопловни сили пријавија руски напади со беспилотни летала во четири градови лоцирани во централните региони Кироворад, Полтова и Хмелницки. Украина не даде информации за степенот на штетата предизвикана од нападите.