Нетанјаху ветува дека ќе го „уништи“ Хамас

Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за првпат свика вонредна влада во неделата на 15 октомври, велејќи дека националното единство покажано во последните денови испратило порака дома и во странство.

Состанокот се одржа во штабот на армијата во Тел Авив, а започна со едноминутно молчење во чест на 1.300 Израелци кои беа убиени од милитантната група Хамас на 7 октомври.

Видете и ова: Израелската војска тврди дека чека политичко „зелено светло“ за копнен напад

Поздравувајќи го опозицискиот пратеник Бени Ганц, кој ѝ се приклучи на владата заедно со неколку членови на партијата, Нетанјаху рече дека сите министри работат „деноноќно, на заеднички фронт“.

„Хамас мислеше дека ќе не уништат. Ние сме тие кои ќе го уништиме Хамас“, рече Нетанјаху, додавајќи дека демонстрацијата на единство испраќа порака „до нацијата, непријателот и светот“.

Израелската армија се подготвува за офанзива во Газа за борба против Хамас. Израел нареди над милион Палестинци да се преселат од северот кон југот на Газа.

Видете и ова: Наредбата за евакуација е „смртна казна“ за пациентите од Газа, предупредува СЗО

Обединетите нации ги критикуваа наредбите за евакуација и предупредија на хуманитарна катастрофа.

Израелската војска бомбардираше цели на Хамас во Газа по нападите на милитантната група врз израелските цивили минатиот викенд.