Шест лица загинаа во руското бомбардирање на регионите Керсон, Доњецк и Харков во Украина во последните 24 часа, соопштија украинските власти на 15 октомври.
Две лица загинаа, а тројца се ранети во Керсон откако повеќе од 100 гранати ја погодија областа во текот на викендот, изјави локалниот гувернер Олександр Прокудин.
Две бомби ја погодија клучната инфраструктура во Керсон, што предизвика делумен прекин на електричната енергија и прекин на снабдувањето со вода во таа област, изјави шефот на градската воена управа Роман Мрочко.
Видете и ова: Борби во Украина снимени од камери на украински војнициЛокалните власти објавија дека уште две лица се убиени во регионот на Доњецк, како и дека една постара брачна двојка е убиена во воздушен напад во кој била уништена нивната куќа во областа Харков.
Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана на 15 октомври објави дека украинските сили лансирале 27 беспилотни летала во ноќен напад врз западна Русија.
„Руската армија ги подобрува своите позиции на фронтот во Украина, вклучително и околу источниот град Авдиевка, кој беше цел на неколкудневни опсежни напади“, рече рускиот претседател Владимир Путин и повтори дека украинската контраофанзива „целосно не успеа".
На 13 октомври Украина ги обвини руските сили дека користеле фосфор за време на нападот на Авдиевка.
Видете и ова: Рускo гранатирањe на цивилни области во Керсон, повеќе од 20 ранети„Авдиевка. Нашата земја, украински град. Русите фрлија многу работна сила во оваа насока. Тие користат фосфор, заедно со нивните топовско месо (трупи)“, рече на Телеграм Андриј Јермак, шеф на претседателската администрација на Украина.
Во нападот на Авдиевка, кој се смета за најголем руски напад на исток од почетокот на украинската контраофанзива пред неколку месеци, наводно учествувале околу 2.000 војници, бројни оклопни возила и воздушна поддршка.
Додека Русија и Украина негираат дека целеле цивили, Обединетите нации оваа недела објавија дека 9.806 цивили се убиени, а 17.962 се повредени како резултат на руската инвазија на Украина, која започна во февруари 2022 година.