Министерството за надворешни работи информира дека двете наши амбасади во Каиро и Тел Авив се во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел, со цел евакуација на двајца македонски државјани.
Станува збор за брачен пар, кој се наоѓа во Газа, поточно во градот Кан Јунес, на 12 километри од граничниот премин Рафах.
„Парот е сместен во болница на Црвената полумесечина и во моментот е на безбедно. Со посредство на нашите дипломатско конзуларни претставништва, ставени се на официјалната листа за евакуација и се чека да бидат создадени услови за нивна евакуација, што во најголема мерка зависи од состојбите на терен, кои во моментот не може да се предвидат“, се вели во соопштението на МНР.
Видете и ова: Евакуираните македонски државјани од Израел пристигнаа на аеродромот во СкопјеВо петокот на 13 октомври, македонски државјани кои беа евакуирани од Израел слетаа на Меѓународниот аеродром во Скопје со бесплатен авионски превоз пристигнаа.