Додека власта се фали со економските политики и подобрени проекции на Меѓународниот монетарен фонд за македонската економија, за опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, бројките на ММФ покажуваат дека власта „ја води државата во економска пропаст со двоцифрена инфлација и слаб раст“.
Според портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски, економски политики на Владата се успешни и даваат резултати, а економијата е отпорна во време на глобална криза.
Видете и ова: Инфлацијата се намалува, трошоците на живот порасналеКако што вели Каевски, мерките за намалување и замрзнување на цените на основните прехранбени продукти со гарантирана цена директно влијаат за заштита на стандардот на народот, но, и за намалување на инфлацијата.
„Иако е глобална криза македонската економија расте и тој раст ќе продолжи. Потврда за добрите економски мерки стигна и релевантна меѓународна финансиска институција. ММФ ги подобри проекциите за македонската економија и предвидува стапка на раст од 2,5% годинава и 3,2% за 2024 година. Проекциите на ММФ се дека растот на БДП во земјава ќе биде поголем од оној на Србија, Бугарија Словенија, како и за 1,8 проценти повисок во однос на просекот на ЕУ. Македонија го задржа и кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед“, изјави Каевски.
Но, за ВМРО-ДПМНЕ, бројките на ММФ покажуваат дека владејачката партија ја води државата во економска пропаст со двоцифрена инфлација.
Видете и ова: Цените на храната „здивеа“ од мерките на ВладатаСпоред ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните не ја гледаат, како што ја нарекоа „економската ренесанса“ за која зборува владејачката партија.
„ММФ прогнозира 10% инфлација за Македонија за 2023, а СДС со розеви наочари гледаат 5%. Добро би било да поделат такви наочари на 1 милион и 800 илјади кои останаа во државата па може и некој ќе им поверува. Во суштина сме зад Косово, Албанија и Црна Гора по економски раст. Сите три држави од нашето опкружување имаат економски раст за 50% поголем од Македонија“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.