Израелската војска ги негираше тврдењата на Хамас дека Израел нападнал конвои со возила со Палестинци додека тие се евакуирале од северниот дел на појасот Газа.
„Тоа е неточен извештај. Оној кој цинично ги користи сопствените граѓани и ги користи како жив штит е Хамас“, рече портпаролот на израелската војска Даниел Хагари на прес-конференција на 15 октомври.
Тој додаде дека Хамас шири „манипулативни, неточни информации“ во светот, пренесоа израелските медиуми.
Видете и ова: Голем број луѓе загинаа во напад на конвој во ГазаЕкстремистичката група Хамас претходно го обвини Израел дека е одговорен за петочната експлозија во која загинаа најмалку 70 луѓе додека патуваа со конвој возила што бегаа на југ.
Хамас, кој владее со појасот Газа, ги повика жителите да не ја почитуваат наредбата на Израел за евакуација.
Израелската војска тврди дека Хамас ги конфискува клучевите од возилата и личниот имот за да ги спречи цивилите да бегаат на југ.
Наредбата на Израел за евакуација од северниот дел на појасот Газа предизвика „масовно раселување“ кон југот на палестинската територија, објавија Обединетите нации.
Видете и ова: Израел даде рок од шест часа за безбедно преминување на југот на ГазаИзраел предупреди 1,1 милион палестински цивили да го напуштат северниот дел на појасот Газа, по што конвои луѓе во преоптоварени автомобили и камиони се упатија кон југ.
„Масовното раселување од север кон југ на Појасот Газа трае од петокот наутро, откако Израел им нареди на жителите да ја евакуираат областа пред воените операции“, објави хуманитарната агенција OCHA.
Бројот на внатрешно раселените лица, како што се наведува, значително се зголемил во последните 24 часа, но, точниот број не е познат.
Видете и ова: Наредбата за евакуација е „смртна казна“ за пациентите од Газа, предупредува СЗОПретходно беше објавено дека имало 423.378 внатрешно раселени лица во Газа од четвртокот вечерта, според OCHA. Околу 64 отсто од нив биле сместени во 102 објекти кои служеле како назначени засолништа за итни случаи.
„Околу 33.054 раселени лица се засолниле во 36 државни училишта“, соопшти OCHA.
Се проценува дека повеќе од 153.000 раселени лица престојуваат кај роднините и соседите, како и во други јавни објекти.