Светската здравствена организација (СЗО) на 15 октомври предупреди дека принудувањето на илјадници пациенти во појасот Газа да се евакуираат во веќе преполните болници може да биде „смртна казна“ за нив.
Израел им нареди на Палестинците да го евакуираат северниот дел на појасот Газа пред очекуваната копнена офанзива против екстремистичката група Хамас, седум дена по најсмртоносните напади во израелската историја.
„СЗО силно ги осудува повторените израелски наредби за евакуација на 22 болници кои се грижат за повеќе од 2.000 приковани за кревет пациенти во северниот дел на Газа“, се вели во соопштението на СЗО, според агенцијата Франс прес.
Видете и ова: Медицинската помош за Газа слета во ЕгипетПосочено е дека присилната евакуација на пациентите и здравствените работници уште повеќе ќе ја влоши хуманитарната катастрофа.
„Пренесувањето на пациентите на југот на Газа каде што здравствените установи се веќе со максимален капацитет и не можат да се приспособат на драматичното зголемување на бројот на пациенти може да се граничи со смртна казна“, заклучува СЗО.
Од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел, бројот на убиени во појасот Газа надмина 2.300, а повеќе од 9.000 се ранети.
Повеќе од 1.300 луѓе, главно цивили, беа убиени во Израел, додека повеќе од 3.300 беа ранети.
Израелската армија на 15 октомври објави дека ќе се воздржи од напади, од 10 до 13 часот по локално време и го обнови својот апел до Палестинците масовно да го напуштат северот.
Видете и ова: ОН: Целосно уништени повеќе од 1.300 згради во ГазаПретходниот ден беа понудени два коридори за евакуација и повеќе време.
Газа веќе се соочува со хуманитарна криза поради зголемениот недостиг на вода, храна и медицински материјали како резултат на израелската блокада, што предизвика и затворање на единствената електрана поради недостиг на гориво, наведува Асошиетед прес (АП).