Руските сили повторно гранатираа цивилни области во источна и јужна Украина, при што загина најмалку едно лице, а повеќе од 20 беа ранети, објавија регионалните власти на 14 октомври.
Борбите продолжија со ист висок интензитет околу градовите Бахмут и Авдиевка во Доњецк, каде Москва врши притисок во последните денови.
Градот Берислав, во јужниот регион Керсон, беше повторно гранатиран од руската армија рано на 14 октомври, објави регионалниот гувернер Олександр Прокудин, додавајќи дека една жена е убиена.
„Околу 6 часот наутро руската војска го нападна градот. Удриле во приватна куќа. Под урнатините е пронајдена 60-годишна жена“, напишал Прокудин на Телеграм, додавајќи дека жената подоцна починала.
Во руското гранатирање на цивилни населби, 22 цивили се ранети во изминатите 24 часа во источниот украински регион Доњецк, објави вршителот на должноста регионален гувернер Ихор Мороз на 14 октомври.
„Русите раниле 22 жители на регионот на Доњецк: 21 во Покровск и еден во Авдиевка“, изјави Мороз на Телеграм.
Видете и ова: Украина тврди дека Русија ги интензивира нападите врз ХерсонУкраинската војска соопшти дека нејзините сили воделе 100 блиски битки против руските трупи во источниот регион Харков, Донецк и во областа Мелитопол во јужниот регион Запорожје.
„Ситуацијата на фронтот Купјанск (во Харков) и Лиман (во Доњецк) значително се влоши во последните денови“, изјави на 14 октомври на Телеграм генералот Олександр Сирскиј, командант на украинските копнени сили.
„Во тек се тешки борби“, рече Сирскиј.
Борбите беа особено интензивни во последните денови во Авдиевка, северно од градот Доњецк, каде што руските војници започнуваат офанзива во обид да се пробијат.
Виталиј Барабаш, шефот на воената администрација на Авдиевка, рече дека борбите околу градот се „многу жестоки, многу жестоки“, додавајќи дека Русите се обидуваат да ја опколат Авдиевка со помош на новораспоредените трупи.
На 13 октомври Украина ги обвини руските сили дека користеле фосфор за време на нивниот сегашен напад на Авдиевка.
„Авдиевка. Нашата земја, украински град. Русите фрлија многу работна сила во оваа насока. Тие користат фосфор, заедно со нивните топовско месо (трупи)“, рече на Телеграм Андриј Јермак, шеф на претседателската администрација на Украина.
Веднаш не беше јасно дали Јермак мислеше на муниција со бел фосфор, кои не се забранети според меѓународното право, но, нивната употреба е строго регулирана бидејќи хемикалијата може да предизвика длабоки изгореници и лекувањето на раните предизвикани од неа е многу тешко во воени услови.
Видете и ова: Руски напад врз Херсон, десетици ранети, меѓу нив и мајка и бебеВо нападот на Авдиевка, кој се смета за најголем руски напад на исток од почетокот на украинската контраофанзива пред неколку месеци, наводно учествувале околу 2.000 војници, бројни оклопни возила и воздушна поддршка.
Претседателот Володимир Зеленски во порака на Телеграм ги пофали бранителите на Авдиевка.
„Благодарен сум на секој војник, секоја единица за нивната издржливост“, напиша Зеленски.
Во меѓувреме, украинската морнарица објави дека на 13 октомври удрила руски патролен брод и шлепер во окупираното црноморско пристаниште Севастопол.
Русија не го коментираше тврдењето, кое не е независно потврдено.