Повеќе од 1.300 згради се целосно уништени во појасот Газа за време на седумдневното интензивно израелско бомбардирање, објавија Обединетите нации (ОН).
Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) на 14 октомври објави дека 5.540 домови се уништени низ Газа, а дека 3.750 други се толку оштетени што не може да се живее, пренесе Франс прес.
Видете и ова: Израел даде рок од шест часа за безбедно преминување на југот на ГазаИзраел нареди евакуација на повеќе од милион луѓе од северот на појасот Газа на југ од енклавата, како подготовка за можна копнена офанзива. Од нападот на палестинските милитанти на Хамас врз Израел на 7 октомври, повеќе од 3.000 луѓе се убиени во конфликтот.
На 14 октомври, авион на Светската здравствена организација (СЗО) со медицинска опрема за жителите на појасот Газа слета на аеродромот Ел Ариш на египетскиот полуостров Синај.
Египет го одреди аеродромот Ал Ариш да прима пратки од хуманитарни организации и странски земји до појасот Газа. Преминот Рафах беше затворен претходно оваа недела кога израелските воздушни напади ја погодија околината.