Авион на Светската здравствена организација (СЗО) со медицинска опрема за жителите на појасот Газа слета на аеродромот Ел Ариш на египетскиот полуостров Синај, објави на 14 октомври генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој изјави дека се чека отворањето на преминот Рафа меѓу Египет и Газа за да се достави помош и дека медицинската опрема ќе биде испорачана веднаш штом тоа се случи.
Египет го одреди аеродромот Ал Ариш да прима пратки од хуманитарни организации и странски земји до појасот Газа. Преминот Рафах беше затворен претходно оваа недела кога израелските воздушни напади ја погодија околината.
Видете и ова: Израел даде рок од шест часа за безбедно преминување на југот на ГазаИзраел започна воздушни напади врз Газа и го блокираше снабдувањето со храна, електрична енергија и вода за палестинската енклава по нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври.
Израелските власти во моментов им наредуваат на цивилите од северот на појасот Газа да се евакуираат на југ, пред можна копнена воена офанзива чија цел е да го уништи Хамас, чии милитанти, според Тел Авив, се кријат во тунелите на населените области во областа.