Израелските копнени сили извршија напади на Газа во последните 24 часа, соопшти војската воочи очекуваната копнена офанзива на густо населената палестинска територија, пренесува АФП.
„Во изминатите 24 часа силите на израелската војска изведоа локализирани напади на територијата на појасот Газа, со цел да завршат со напорите за чистење на областа од терористи и оружје“, стои во соопштението на војската.
„За време на овие операции, имаше и неколку акции во кои се правеа обид да се лоцираат исчезнатите лица“, се додава во соопштението.
Видете и ова: Израел ги повика жителите да го напуштат градот Газа пред „големата операција“Порано денеска пак, израелската армија ги повика сите цивили во градот Газа, дом на повеќе од еден милион луѓе, да се преселат во јужниот дел на појасот во рок од 24 часа, бидејќи се подготвува голема копнена офанзива.
Израелската армија соопшти дека ќе има „значајни“ операции во градот Газа во наредните денови и дека на цивилите ќе им биде дозволено да се вратат само кога ќе биде објавено друго соопштение.
Од друга страна пак, Хамас ги повика жителите да останат дома, карактеризирајќи ги заканите од Израел како „измама“.