Илјадници Палестинци го напуштија северниот дел на Газа откако израелската армија повика околу еден милион луѓе да се евакуираат во јужниот дел на опколената територија.
Наредбата за евакуација, која се однесува на градот Газа, дом на стотици илјади Палестинци, предизвика паника меѓу цивилите и хуманитарните работници кои веќе побегнаа од израелските воздушни напади, пренесува АП.
„Заборавате на храната, заборавате на струјата, заборавате на горивото. Единствената грижа сега е дали ќе успеете, дали ќе преживеете“, рече Небал Фарсах, портпаролка на палестинската Црвена полумесечина во градот Газа.
Видете и ова: Израел ги повика жителите да го напуштат градот Газа пред „големата операција“Од друга страна, Обединетите Нации предупредија дека ќе биде катастрофа да избегаат толку голем број луѓе во толку кус период, бидејќи наредбата се однесува на околу еден милион луѓе, или половина од населението во Газа.
Хамас пак, кој минатата сабота организираше шокантен и брутален напад врз Израел, ја карактеризираше израелската наредба за евакуација на жителите во Газа како „измама“ и ги повика да останат во своите домови.