Убиен наставник, две лица ранети во напад во училиште во Франција

Полицајци пред училиштето во Арас, каде што се случил нападот, 13 октомври 2023 година

Еден наставник бил убиен, а две лица биле тешко ранети во напад со нож во училиште во североисточниот француски град Арас, соопштија полицијата и регионалните власти на 13 октомври.

Полицијата го приведе сторителот, напиша министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин на платформата Х, порано позната како Твитер.

Француските радиодифузери Франс Инфо и БФМ јавуваат дека напаѓачот е поранешен ученик.

Локалната полиција соопшти дека ситуацијата е под контрола. Француските обвинители за борба против тероризмот соопштија дека ќе отворат истрага.

Францускиот претседател Емануел Макрон е на пат кон местото на настанот.