Јапонија го поддржува правото на Израел да се брани

Јоко Камикава, министерка за надворешни работи на Јапонија

Јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава му кажала на својот израелски колега дека, „терористичките напади“ на Хамас не можат да се оправдаат поради каква било причина и дека Токио решително го осудува таквото однесување, се наведува во соопштението од јапонското Министерство за надворешни работи.

Во телефонскиот разговор, Камикава му кажала на Ели Коен дека според меѓународното право, Израел има право да се брани себе и својот народ.

Откако првично го нарече Хамас „палестински милитанти“ и го избегна терминот „тероризам“, Јапонија им се придружи на другите нации на „групата седум“ осудувајќи ги нападите во Израел викендов како „терористички акти“.

Видете и ова: Блинкен во Тел Авив: Секогаш ќе бидеме со вас

На прес-конференција во Токио, локалниот претставник на постојаната мисија на Палестина се изјасни против поддршката на Западот на Израел, но рече дека Јапонија може да продолжи да игра неутрална улога.

„Навистина е патетично што слушаме многу гласови од Западот, за жал лидери, кои го повикуваат Израел повеќе да ја бомбардира Газа. Ова насилство мора да престане од двете страни“, рече Валид Сиам.

Јапонската влада организираше чартер лет што полетува од Тел Авив за своите граѓани кои сакаат да го напуштат Израел.