Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-полковник Херзи Халеви на 12 октомври ги потврди пропустите што овозможиле влегување на Хамас и масовните убиства во саботата.
„ИДФ е одговорна за безбедноста на земјата и нејзините граѓани и во саботата наутро во областа околу Појасот Газа не се погрижевме за тоа. Ќе дознаеме, ќе истражиме, но сега е време за војна“, рече Халеви во своето прво јавно обраќање од почетокот на војната меѓу Израел и палестинските екстремистички организации.
Видете и ова: Блинкен во Тел Авив: Секогаш ќе бидеме со васГенералот најави дека Израел ќе направи се за да ги врати киднапираните кои Хамас и другите палестински екстремистички организации ги одведоа во Појасот Газа, а се проценува дека се околу 150 војници и цивили, меѓу кои има деца, жени, стари лица и странци.
„Убиствениот, брутален, ненадеен инцидент“ трае веќе пет дена, рече началникот на израелската армија, додавајќи дека „ИДФ се бори против немилосрдните терористи“ кои го направија незамисливото.
„Јахја Синвар, владетелот на Појасот Газа, се одлучи на тој страшен напад и затоа тој и целиот систем под него се мртви луѓе. Ќе ги нападнеме, ќе им го растуриме системот“, се закани началникот на Генералштабот на ИДФ и нагласи дека во израелските удари гинат „многу терористи и дека се уништува терористичката инфраструктура што го овозможи тоа ужасно, брутално злосторство“.
„Газа никогаш повеќе нема да изгледа исто“, рече Халеви.