Израелската војска соопшти дека погодила воени цели на Хезболах во Либан со воздушен и артилериски оган, како одговор на ракетен напад од страна на милитантната група.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нивниот авион нападнал набљудувачка станица во Либан што му припаѓа на Хезболах.
ИД соопшти дека истрелала артилериски оган врз област во Либан, од која биле пукани кон Израел.
Видете и ова: Бухабиб: Хезболах нема да се придружи во борбите доколку Израел не го малтретира ЛибанЛибанската државна Национална новинска агенција објави дека тројца цивили биле ранети во израелското гранатирање на јужните либански села и дека околу 10 куќи биле оштетени во селата Марвахин и Духаира.
По големиот напад на палестинските милитанти во Израел кој започна во саботата на 7 октомври, израелски воени авиони извршија напади врз цели на Хамас, кој владее со Појасот Газа.
Повеќе од 600 Израелци беа убиени во саботата, повеќе од 100 луѓе се киднапирани, а повеќе од 2 000 биле повредени.