Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека претстои отворање на обвинение против Милан Радоичиќ по завршување на истрагата која се уште е во тек.
„Обвинителот го гони за тешки кривични дела кои самиот ги призна. Истрагата ќе биде продолжена и ќе има обвинение, таа ќе покаже и од каде доаѓаат парите за илегално оружје. Наша меѓународна обврска е тоа да се потврди и тоа ќе биде направено“, изјави Вучиќ на 11 октомври за време на посетата на медицинскиот Институт Дедиње во Белград.
Тој додаде и дека воените и цивилните органи ги испитуваат околностите за нападот во Бањска и дека јавноста ќе биде информирана за резултатите од истрагата.
Видете и ова: Милан Радоичиќ приведен во СрбијаВо нападот на вооружена група Срби од Косово на 24 септември во селото Бањска на север во Косово беше убиен еден косовски полицаец како и тројца од напаѓачите.
Одговорност за организација на овој напад ја презеде Милан Радоичиќ, во тој момент потпретседател на партијата на косовски Срби, Српска Листа, која ја има поддршката од официјален Белград и владејачката Српска напредна партија, чиј претседател до неодамна беше Вучиќ.
Видете и ова: Директорот на косовската полиција вели дека Србија со нападот се обиде да создаде нова реалност на КосовоРадоичиќ потоа поднесе оставка од функцијата во партијата.
Официјална Приштија ја обвинува Србија за овој напад, додека Белград тоа го негира. Институциите во Косово и Србија водат посебни истраги за овој случај.