Најмалку 169 израелски војници се убиени во борбите со палестинската милитантна група Хамас откако нејзините членови го нападнаа Израел, соопштија во средата израелските одбранбени сили (ИДФ).
„Од утрово ги известивме семејствата на 169 паднати војници на Израел“, изјави за новинарите портпаролот на армијата Даниел Хагари, додавајќи дека се контактирани и семејствата на 60-те лица кои беа киднапирани и однесени во Газа.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Тој рече дека во изминатите два дена не се регистрирани нови упади на милитанти од Газа, но додаде дека „стотици тела“ на убиените напаѓачи се уште се на границата.
„Тоа го покажува обемот на борбите во таа област. Тие имаа намера да ја освојат територијата, не планираа да извршат инвазија и да се вратат во Газа“, рече Хагари.
Најмалку 1.200 луѓе се убиени во Израел откако Хамас започна брутален напад на Израел во саботата.