Кои се разликите меѓу палестинските групи Хамас и Фатах?

Палестинците веат знамиња за време на демонстрациите на поддржувачите на Фатах

Хамас е една од двете главни политички сили на палестинските територии, а другата е Фатах, противнички групи, познати и како Палестинско национално ослободително движење. Кои се разликите и сличностите меѓу Фатах и Хамас, вклучувајќи ги нивните методи на управување?

Во 2007 година дојде до насилен конфликт меѓу Хамас и Фатах, по што Газа и Западниот Брег тргнаа по различни правци.

Денеска Газа е под дипломатска изолација и блокада наметната од Израел и под контрола на Хамас.

Фатах пак се обидува да ја задржи контролата над Палестинската национална управа на Западниот брег, кој е окупиран од Израел.

Хамас е исламистичко милитантно движење и едно од двете главни политички партии на палестинската територија. Таа управува со Појасот Газа, кој е населен со над два милиони Палестинци, но групата е најпозната по својот вооружен отпор кон Израел.

Видете и ова: Израел продолжи со бомбардирањето на Газа и во текот на ноќта, најмалку 30 мртви

Во октомври 2023 година, Хамас започна голем изненадувачки напад на јужен Израел, убивајќи стотици цивили и војници, а десетици лица беа чувани како заложници. Израел и објави војна на оваа група како одговор на насилството и најави дека војската планира друга кампања за да победи.

Десетици земји го прогласија Хамас за терористичка организација, иако некои држави вака го категоризираат само военото крило на Хамас. Иран пак, постојано му нуди на Хамас и материјална и финансиска поддршка.

Нивната ривалска партија Фатах која доминира со Палестинското ослободително движење и владата на Западниот брег, се откажа од насилството. Расколот во палестинското водство и непоколебливиот непријателски однос на Хамас кон Израел, ги намалија шансите за стабилност во Газа.

Хамас, исламистичка група, спроведува политика на „вооружен отпор“ против Израел, помеѓу другото и преку напади со бомбаши самоубијци на израелско цивилно население, истовремено продолжувајќи ги програмите за социјална помош на Палестинците во Појасот Газа и окупираниот Западен Брег. Официјалното име на Хамас е Харакат ал-Мукавама ал-Исламија (Отпор на исламското движење).

Регрути на безбедносните сили на Хамас им фрлаат песок на лицата додека учествуваат во тренинг вежба во комплекс во градот Газа, 13 март 2007 година

Што е Фатах?

Фатах беше првата група во егзил која ги започна нападите на Израел. Официјалното име на Фатах е Харакат ал Тахрир ал Фаластини (Палестинско ослободително движење). Фатах е доминантен член на пошироката Палестинска ослободителна организација.

Кое е потеклото на оваа група?

Хамас во 1987 година во Појасот Газа беше основан од шеикот Ахмед Јасин и др. Абдел Азиз ал-Рантиси, а и двајцата во меѓувреме ги уби Израел.

Хамас е огранок на Муслиманското братство, верска и политичка организација со ограноци ширум арапскиот свет. Во 1988 година во Хамас е напишана првата повелба, која повикува на уништување на државата Израел и се заколнува дека „ќе се крене знамето на Алах над секоја педа од Палестина“. Оваа повелба и денеска е на сила.

Видете и ова: Со нападот врз Израел, Хамас се обидува да ја „преуреди“ безбедноста на Блискиот Исток

Меѓутоа, членот на Хамас, Исмаил Хани, именуван за премиер во владата на единството – зборуваше за евентуално долгорочно примирје со Израел, ако Израел се повлече од територијата на окупираниот по војната во 1967 година.

Фатах пак беше воспоставен од покојниот Јасер Арафат и мала група на палестински националисти кон крајот на педесеттите години од минатиот век. Фатах набргу стана најсилната организација во рамките на Палестинското ослободително движење.

Што мислат Фатах и Палестинското ослободително движење за Израел?

Во 1993 година Палестинското ослободително движење официјално се откажа од тероризмот и го призна правото на постоење на постоење на Израел.

Во замена за тоа, на лидерите на ова движење им беше дозволено да се вратат од егзил во Тунис и беа признати како Палестински власти, управно тело на Појасот и газа и на делови од Западниот брег.

Исто така им беше дозволено и да воспостават палестински безбедносни сили. Иако палестинското ослободително движење веќе се откажа од тероризам, некои од неговите организации членки беа обвинети или сами презедоа одговорност за продолжување на нападите.

Ова движење на почетокот беше базирано во Јордан, но по борбата меѓу герилците на ова движење и јорданската војска во 1970 година, конфликт познат како Црн септември, ова движење беше протерано од Јордан.

Повеќето од герилците и Јасер Арафат се населиле во Либан. Палестинското ослободително движење потоа зачести со напади врз Израел од неговите либански бази, што поттикна две израелски инвазии на Либан, во 1978 и 1982 година.

Јасер Арафат

Каков пристап има Хамас кон Израел?

Хамас повикува на уништување на Израел. Неговиот вооружен отпор е изведен преку нападите на бомбаши самоубијци на израелски цивилни автобуси, ноќни клубови и други места.

Како резултат на тоа, САД, ЕУ и Израел го карактеризираа Хамас како „терористичка организација“.

Главниот аргумент на Хамас за поддршката меѓу Палестинците доаѓа од давањето на услуги за социјална помош кои не ги даваат ниту Израелците ниту Фатах. Од почетокот на своето постоење, Хамас финансираше и разви разработена мрежа на училишта, домови за деца без родители, здравствени клиники и други социјални служби кои му овозможија да навлезе во секој сектор на палестинската популација.

Како се гледа на Фатах во споредба со Хамас?

И покрај насилното минато, Фатах сега се смета за умерена палестинска партија иако статутот има партијата исто така повикува на уништување на Израел.

Многу Палестинци го сметаа владеењето на Фатах за корумпирано и неспособно, што резултираше со губење на места во Владата на изборите во 2006 година.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Последици од гранатирањата меѓу Израел и Хамас

Како Палестинците гледаат на Хамас?

Политичката поделба на Западен брег и Газа воопшто не е популарно меѓу Палестинците. Анкета од јуни 2023 година, спроведена од Палестинскиот центар за истражување на политики, покажа дека една третина Палестинци тоа го сметаат за најштетниот развој за нивниот народ од создавањето на државата Израел во 1948 година.

Истата анкета покажа дека истата анкета покажа дека повеќе од половина од Палестинците во Газа и на Западниот Брег на претседателските избори ќе гласаат за Ханија на Хамас пред претседателот Махмуд Абас, додека само една третина од Палестинците би го избрале Абас.

Покрај тоа, Абас на неодредено време ги одложи националните избори закажани за 2021 година, наведувајќи го наводното одбивање на Израел да им дозволи на Палестинците во источен Ерусалим да гласаат, иако набљудувачите се сомневаат дека Абас има намера да спречи веројатна победа на Хамас.

Како поминаа Хамас и Фатах на изборите?

Во јануари 2006 година палестинските гласачи во Газа, на Западниот брег и во источен Ерусалим гласаа за ново палестинско законодавно тело.

Хамас однесе голема победа, освојувајќи 74 од 132 места, на изборите кои меѓународните набљудувачи ги оценија како чесни и правични. Противникот, некогаш доминантната партија Фатах, критикувана е поради неефикасност и корупција, па го освои само 45 места.

Кандидатите од милитантната група Хамас пристигнаа во избирачкиот центар во градот Беит Лахија во северниот дел на Газа.

Кој што контролира?

Фатах и натаму го контролира претседателството, највисоката избрана позиција во владата. Махмуд Абас е на позиција од јануари 2005 година. Фатах исто така контролира околу 70 000 полицајци и припадници на безбедносните сили на делови од Западниот брег и Појасот Газа.

Изненадувачката политичка победа пак во 2006 година му даде на Хамас контрола над палестинската влада.

Исто така, создаде и конфликт со Израел и со претседателот на Палестинската управа - Махмуд Абас.

Хамас го одбива правото на Израел на постоење и вели дека нема да ги почитува постоечките договори кои ги потпишаа палестинските власти. Како резултат на сето тоа, Израел со поддршка од САД и ЕУ започна финансиски бојкот на владата која ја води Хамас.

Израел одби да им ги плати на палестинските власти нивните месечни даноци за трговија, а Вашингтон инсистираше да ги замрзне сите банкарски трансакции на палестинските власти.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Израелско гранатирање врз Газа

Колку неодамнешните настани влијаеја на односот меѓу Хамас и Фатах?

Во јуни Хамас ја презеде контролата врз Појасот Газа, уништувајќи го седиштето на претседателот Абас и други владини згради.

Како резултат на насилството, Абас ја распушти владата на единството, договор за поделба на власта меѓу двете групи потпишан на 9 февруари 2007 година и се заколна во вонредна влада.

Тој го распушти премиерот Исмаил Ханије, кој е член на Хамас. Абас на таа функција го назначи Салам Фајад, независен претставник поддржан од Западот.

Водачите на Хамас го осудија потегот, решија да не ги признаат промените и инсистираа владата на единството - Фатах-Хамас, формирана во март да остане на чело на палестинската управа. Ханије тврдеше дека продолжува да служи како премиер на палестинската управа.

Инфографика - Што е Хамас?

Како управува Хамас?

Како што Хамас ги презеде остатоците од институциите на палестинската управа во Појасот, така потоа формираше свое судство и воспостави авторитарни институции.

Теоретски, Хамас владее во согласност со шеријатското основно палестинско право, како и палестинската управа, но генерално е порестриктивен отколку што налага законот- контрола на женското облекување и спроведување на родова сегрегација во јавноста во првите години од неговото владеење.

Набљудувачката група Фридом Хаус во 2020 година откри дека „владата контролирана од Хамас нема ефективни или независни механизми за да обезбеди транспарентност во нејзиното финансирање, набавки или операции“.

Хамас, исто така, ги потиснува медиумите во Газа, граѓанскиот активизам на социјалните мрежи, политичката опозиција и невладините организации и нема механизми за одговорност.