Израел продолжи со немилосрдното бомбардирање на Газа во текот на ноќта помеѓу 10 и 11 октомври, при што загинаа најмалку 30 луѓе.
Израелската војска утрово соопшти дека нејзините воени авиони погодиле повеќе од 200 цели во населбата Газа Сити, кои според неа биле користени од Хамас во невиден ненадеен напад врз Израел во текот на викендот.
Портпаролот на Хамас во Газа во средата изјави дека најмалку 30 луѓе биле убиени во израелските воздушни напади во текот на ноќта.
Вкупниот број на загинати во пренаселената крајбрежна енклава се искачи на 950, додека 5.000 луѓе се повредени, според Министерството за здравство на Газа.
Видете и ова: Со нападот врз Израел, Хамас се обидува да ја „преуреди“ безбедноста на Блискиот ИстокВо саботата, вооружени милитанти на Хамас од Појасот Газа го нападнаа Израел во неговите јужни делови, изведувајќи го најсмртоносниот палестински напад во историјата на Израел.
Израелската армија во средата објави дека вкупниот број на загинати во Израел достигнал 1.200 лица и дека повеќе од 2.700 луѓе се повредени.
„Имаме многу убиени луѓе“, изјави портпаролот на израелската армијам полковникот Џонатан Конрикус на социјалната мрежа „X“.
Повеќето од жртвите биле цивили, застрелани во нивните домови, на улица или на музички фестивал на отворено. Многу странци и Израелци беа заробени и испратени во Газа од милитантите на Хамас.