Силна и недвосмислена е поддршката која Северна Македонија и ја дава на Украина и нејзиниот суверенитет, му порачала министерката за одбрана Славјанка Петрова на украинскиот заменик министер за надворешни работи, Евген Перебинис кој е во официјална посета на земјава.
На состанокот, соопштија денеска од МО, министерката Петровска истакнала дека Украина се бори не само за себе и својата сувереност, туку и за меѓународниот правен поредок кој мора да се базира на правила и принципи.
„Ја осудивме руската агресија врз Украина уште од самиот почеток, а нашата поддршка не е само политичка, туку може да се види и на дело. Во повеќе наврати Северна Македонија донираше хуманитарна и воена помош за Украина која има целосно право да се одбрани од неиспоровоцираната руска агресија,“ рекла министерката.
Видете и ова: Македонските власти протераа тројца руски дипломатиПетровска потенцирала дека Северна Македонија заедно со сојузниците останува во поддршка на Украина сè додека е потребно зашто тоа е страната на правдата и вистината.
Заменик-министерот Перебинис се заблагодарил за, како што рекол, јасната поддршка од Северна Македонија за Украина, како и за дадената воената и хуманитарна помош. Украина, посочил тој, ќе продолжи да се бори за својата независност и сувереност.
Петровска истакнала дека при посетата на Украина во февруари годинава и лично се уверила во страдањата на украинскиот народ, но и во неговата цврстина и желба да ја одбранат татковината.