Луѓето не веруваат на институции, затоа и не излегуваат на протести, истакнаа малкуте насобрани пред Владата, кои протестираат за случајот „онкологија“.
Протестите се одржуваат секој понеделник, веќе цел месец, откако Обвинителството отвори предистрага по пишувањето на медиуми за разработена криминална бизнис мрежа на Клиника за онкологија за препродавање на лекови, односно дека во оваа шема биле вклучени повеќе доктори и медицински персонал на клиниката.
Еден од присутните на протестот, Славољуб Манев изјави дека не верува оти новоформираната собраниска Комисија ќе го реши случајот.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Од тоа нема ништо да биде, не верувам во тие приказни“, вели Манев.
Протестите почнаа масовно, освен пред Владата се протестираше и пред Обвинителството, но на секој нареден собир има сè помалку луѓе. На денешниот имаше околу педесетина и не маршираа до зградата на Обвинителствот.
Собранието на крајот на септември формираше анкетната комисија која ќе треба да ги истражува обвинувањата за случајот „Онкологија“. Комисијата утре треба да почне со работа, а прв пред пратениците ќе реферира поранешниот министер за здравство Беким Сали. Комисијата ќе го повика и неговиот претходник Венко Филипче.
На почетокот на септември беше извршен претрес на Клиниката за онкологија и во два приватни стана од каде беа одземени компјутери и документација по наводите во новинарски текстови за злоупотреба на лекови наменети за пациенти болни од рак.