Гутереш - Тешката хуманитарна ситуација во Газа дополнително ќе се влоши

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш.

Хуманитарната ситуација во Појасот Газа беше исклучително тешка и пред овие непријателства. Сега само експоненцијално ќе се влошува, изјави на 9 октомври генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш.

Тој ги осуди нападите на цивили и земањето заложници, и го повика Израел да дозволи хуманитарната помош да стигне до Газа.

Гутераш изјави дека е „длабоко вознемирен“ од израелската целосна опсада на Појасот Газа.

Претходно, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант нареди „целосна опсада“ на Појасот Газа по нападот на борците на Хамас врз Израел во текот на викендот.

Видете и ова: Нетанјаху - Ова е само почеток

Генералниот секретар на ОН ја повтори својата осуда за нападите на милитантите на Хамас врз израелските градови и села.

Тој ги повика сите страни да дозволат ОН да има пристап за доставување итна хуманитарна помош до заробените цивили во Газа.

Најмалку 700 луѓе се убиени во Израел, вклучително и околу 250 на музички фестивал и повеќе од 500 луѓе се убиени во Газа до 9 октомври. Милитантите на Хамас тврдеа дека држат над 130 израелски заложници повеќе од 48 часа откако тие започна невиден упад во Израел од Газа.