Неколку меѓународни авиокомпании ги прекинаа летовите до или од Тел Авив по нападот на Хамас врз Израел, велејќи дека чекаат да се подобрат безбедносните услови, пренесува Ројтерс.
Во судирите што следеа по истрелувањето на илјадници ракети на Хамас врз Израел на 7 октомври загинаа најмалку 700 Израелци, додека израелските воздушни напади убија најмалку 436 луѓе во Појасот Газа.
Американските авиокомпании Јунајтед Ерлајнс, Делта Ерлајнс и Американ Ерлајнс ги прекинаа директните летови во неделата. Нив им се приклучија и компаниите Ер Франс и финскиот Финер, кои исто така ги прекинаа директните летови.
Британскиот ЕasyJet ги прекина летовите до Тел Авив во недела и понеделник и најави дека ќе го прилагоди времето на летот во следните неколку дена.
Истото го направи и унгарски Wizz Air до понатамошно известување. Луфтханза исто така ги откажа летовите до Тел Авив во понеделникот на 9 октомври, а португалскиот ТАП ги прекина летовите до понеделник и понуди поврат на средства или презакажување без дополнителни трошоци.
Од „Вирџин Атлантик“ велат дека ќе продолжат со некои летови, но дека клиентите можат повторно да резервираат или да побараат рефундирање до 15 октомври.
Видете и ова: Израел нареди целосна опсада на Газа
Регулаторите, вклучително и Федералната управа за авијација на Соединетите држави, Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија и Управата за цивилно воздухопловство на Израел, ги повикаа авиокомпаниите да бидат внимателни во воздушниот простор на регионот, но не ги прекинаа летовите.
Некои компании продолжија и со летови за Израел.
Израел официјално објави војна на 8 октомври и и даде зелено светло на војската за „големи воени чекори“ за да му се одмазди на Хамас за ненадејниот напад. Тие објавија дека ноќта меѓу 8 и 9 октомври нападнале повеќе од 1000 цели во Појасот Газа.
Израел соопшти дека повеќе од 700 луѓе се убиени, а уште 100 се киднапирани од Хамас. Во Газа, повеќе од 400 луѓе беа убиени по одмазднички израелски воздушни напади. Околу 123 илјади луѓе се раселени од Газа како резултат на израелските воздушни напади, објавија ОН.