Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека наредил „целосна опсада“ на Појасот Газа, велејќи дека властите ќе ја прекинат електричната енергија и ќе го блокираат влезот на храна и гориво.
„Наредив целосна опсада на Појасот Газа. Нема да има струја, храна, гориво, сè е затворено“, рече министерот Јоав Галант.
За потсетување, Израел го контролира воздушниот простор над Газа и нејзиниот брег и ограничува кој и каква стока смее да влегува и излегува преку неговите гранични премини.
Слично, Египет контролира кој влегува и излегува од границата со Газа.
Видете и ова: Со нападот врз Израел, Хамас се обидува да ја „преуреди“ безбедноста на Блискиот ИстокИзраел официјално објави војна во неделата, навестувајќи уште поголеми борби и можен копнен напад во Газа. Палестинските милитанти продолжија со лансирање ракети, активирајќи ги сирените за воздушни напади во Ерусалим и Тел Авив.
Околу 700 луѓе се убиени во Израел, а речиси 500 се убиени во Газа. Палестинските милитантни групи тврдат дека држат над 130 заробеници од израелска страна.