Продолжуваат борбите меѓу Хамас и Израел, стотина израелски заложници во Газа

илустрација

Висок функционер на Хамас соопшти дека групата држи повеќе од 100 луѓе во заробеништво по нападот врз Израел.

„Високи израелски офицери се меѓу заробените“, изјави Муса Абу Марзук.

Се работи за бројка која е дополнителна од повеќе од 30 лица за кои се тврди дека ги држи палестинската група Исламски џихад. Меѓу затворениците кои борците на Хамас ги одведоа во Газа има жени, деца и постари лица.

Во меѓувревреме, повеќе од илјада луѓе досега биле убиени во борбите меѓу Хамас и Израел кои траат и утрово, речиси 48 откако палестинската милитантна група ја нападна земјата, јави ДПА.

Според израелските воздухопловни сили (ИДФ) во текот на ноќта биле погодени повеќе од 500 цели на Хамас и Исламски џихад во Појасот Газа. ИДФ соопшти дека целите биле погодени со борбени авиони и хеликоптери, авиони и артилерија. Се известува и дека биле погодени седум командни центри на Хамас и командниот центар Исламски џихад.

Израелските одбранбени сили утрово соопштија дека била погодена зграда во која се сместени членови на Хамас и неколку командни центри на Хамас. Меѓу центрите имало и еден што му припаѓа на Мохамед Кашта, висок член на морнарицата, соопшти ИДФ на платформата Телеграм.

„ИАФ исто така гаѓаше оперативен објект на Хамас лоциран во џамија во градот Џабалија“, се вели во соопштението.

Израел собрал околу 100 000 резервисти на југот, соопшти портпаролот на ИДФ Џонатан Конрикус во видео објавено на социјалните мрежи.

Видете и ова: Израел „во војна“ по ненадејните напади на Хамас, стотици мртви

Мисијата, изјави тој, е да се осигура дека Хамас повеќе нема да биде воено способен да им се заканува на Израелците и повеќе да не може да владее со Појасот Газа.

Конрикус рече дека околу 1000 вооружени Палестинци влегле во Израел од Појасот Газа во исто време со ракетните напади на Хамас, кои почнаа неочекувано во саботата наутро. Портпаролот рече дека оделе од куќа до куќа во потрага по жртви.

Во меѓувреме, предупредувачки сирени се огласија во текот на ноќта во поширокото подрачје на Тел Авив и во другите градови во земјата додека Хамас истрела повеќе ракети кон Израел.

Во крајбрежната метропола се слушнаа експлозии, од кои повеќето се верува дека биле активирани од израелскиот ракетен одбранбен систем „Железна купола“. Претходно, предупредувачки сирени се вклучија во градовите јужно од Тел Авив.

Во градот Ашкелон во близина на Појасот Газа била погодена повеќекатна станбена зграда, јавуваат израелските медиуми. Првично не се знае дали некој е повреден.

Најмалку 260 тела биле пронајдени на локација каде што се одржувал фестивал во пустината Негев, а, израелските контра-напади во Појасот Газа погодиле и сериозно оштетиле училиште управувано од Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA), според Обединетите нации.

ОН: Повеќе од 100 000 луѓе раселени во Газа

Израелските воздушни напади и гранатирањата насочени кон домови и станбени згради раселија околу 123 538 Палестинци во Газа, според Агенцијата за хуманитарна помош на ОН.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, во својот најнов извештај соопшти дека многумина од оние кои беа принудени да ги напуштат своите домови се засолнети во околу 64 училишта во крајбрежната енклава.

Значајните објекти уништени во израелските напади вклучуваат четири големи згради со повеќе ката на станбени единици, се вели во извештајот, додавајќи дека вкупно се уништени 159 станбени единици, додека 1210 претрпеле сериозна штета.