Папата Франциск повика на прекин на нападите и насилството во Израел и Газа, велејќи дека тероризмот и војната нема да решат никакви проблеми, туку само ќе донесат повеќе страдања и смрт на невини луѓе.
„Со вознемиреност и тага следам што се случува во Израел“, рече Папата во неделното обраќање пред верниците на плоштадот Свети Петар.
Тој изрази солидарност со семејствата на жртвите и рече да се молат за сите оние кои доживуваат страв и болка.
„Нека престанат нападите и замолчи оружјето, ве молам, затоа што треба да се разбере дека тероризмот и војната не носат решенија, туку само смрт и страдање на многу невини луѓе. Војната е пораз, секоја војна е пораз. Молиме за мир во Израел и Палестина“, рече папата Франциск.
Видете и ова: Убиени повеќе од 600 Израелци, најмалку 370 загинати ПалестинциПовеќе од 600 Израелци се убиени од саботата, се наведува на Фејсбук страницата на израелската владина прес-служба. Се додава дека повеќе од 100 луѓе се киднапирани, а повеќе од 2.000 се повредени.
Најмалку 370 Палестинци се загинати во Појасот Газа, а други 2.200 се повредени, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Утрово беше објавено дека 313 се мртви, а нешто помалку од 2.000 повредени.
По големиот напад на палестинските милитанти во Израел кој започна во саботата на 7 октомври, израелски воени авиони извршија напади врз цели на Хамас, кој владее со Појасот Газа.
Израел соопшти дека извршил повеќе од 400 напади врз Појасот Газа, инсистирајќи дека тие биле насочени кон инфраструктурата на Хамас, а премиерот Бенјамин Нетанјаху ги предупреди граѓаните во Појасот да го напуштат регионот, бидејќи неговите војници милитантните зони ќе ги претворат „во рушевини“.