Еден државјанин на Србија е полесно ранет во Израел, а граѓаните на Србија кои се наоѓаат во таа земја се повикуваат целосно да ги почитуваат упатствата, изјави во неделата наутро, на 8 октомври, почесниот конзул на Србија во таа земја, Александар Николиќ.
Тој за Радио Телевизија Србија (РТС) изјави дека авионот на Ер Србија ЈУ817 бил подготвен да полета од Израел во недела наутро и дека е полн, а има уште неколку десетици граѓани на Србија, особено аџии, како и дека се подготвуваат нови летови за оние кои сакаат да заминат.
Видете и ова: Израел прогласи воена состојба, убиен висок член на ХамасНиколиќ рече дека во саботата бил првиот случај на повреда на српски државјанин, дека веднаш му била укажана помош во болница и дека веќе бил отпуштен во саботата вечерта, а останатите српски државјани се здрави и се добро.
„Неколку стотици наши граѓани се во Јужниот округ се веќе евакуирани и се уште се евакуираат од непосредна близина на линијата за одвојување. Она што може да биде полесно во наредниот период е што ги има се помалку и помалку отворени жаришта, односно борбени операции на терен“, рече Николиќ.
Според него, дополнителни летови на „Ер Србија“ се закажани за понеделник и вторник наутро.
Видете и ова: Засилени патроли во Британија, Германија и Франција поради насилството меѓу Израел и ГазаПо големиот напад на палестинските милитанти во Израел кој започна во саботата на 7 октомври, израелски воени авиони извршија напади врз цели на Хамас, кој владее со Појасот Газа.
Европската унија, САД и Израел го класифицираат Хамас како терористичка организација.
Досега, 313 лица се убиени во Газа во израелските напади од почетокот на борбите, соопшти во неделата Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас.
Според информациите, околу 2.000 Палестинци биле повредени.
Израелските власти соопштија дека во Израел најмалку 250 луѓе се убиени, а повеќе од 1.500 се ранети.