Палестинските власти на 8 октомври поднесоа меморандум со кој повикуваат на итен состанок на Арапската лига на ниво на министри за надворешни работи, според ВАФА, палестинската новинска агенција.
Барањето за состанок доаѓа во светло на „бруталната и тековната израелска агресија врз палестинскиот народ, вклучително и ескалацијата на нападот врз џамијата Ал Акса од илјадници доселеници“, го цитира ВАФА Муханад Ел-Аклук, палестински амбасадор во Арапската лига.
Видете и ова: Засилени патроли во Британија, Германија и Франција поради насилството меѓу Израел и ГазаПовикот доаѓа откако милитантите на Хамас во саботата на 7 октомври започнаа напад врз Израел.
Десетици борци на Хамас се инфилтрираа преку силно утврдената граница, а израелската војска по нападот гаѓа цели на Хамас во Газа.
Израелските власти денеска соопштија дека во Израел најмалку 250 луѓе се убиени, а повеќе од 1.500 се ранети.
Во меѓувреме, палестинските власти соопштија дека најмалку 232 Палестинци се убиени, а повеќе од 1.700 се ранети.