Лондонската полиција на 8 октомври објави дека ги засилила патролите во некои делови на градот, по нападот на палестинската милитантна група Хамас врз Израел.
„Свесни сме за голем број инциденти... поврзани со тековниот конфликт во Израел и границата со Газа“, соопшти Метрополитанската полиција (Мет) на социјалните мрежи.
Милитантите на Хамас во саботата на 7 октомври започнаа напад врз Израел. Десетици борци на Хамас се инфилтрираа преку силно утврдената граница, а израелската војска по нападот гаѓа цели на Хамас во Газа.
Видете и ова: Полицаец во Египет пукаше на туристи од ИзраелИзраелските власти денеска соопштија дека во Израел најмалку 250 луѓе се убиени, а повеќе од 1.500 се ранети. Во меѓувреме, палестинските власти соопштија дека најмалку 232 Палестинци се убиени, а повеќе од 1.700 се ранети.
„Мет ги зголеми полициските патроли во делови од Лондон за да обезбеди видливо присуство и безбедност во нашите заедници“, се вели во извештајот.
Обезбедувањето е видливо околу синагога во северозападен Лондон, изјави новинар на АФП.
Полицијата во Германија и Франција, исто така, соопшти дека ја зголемила безбедноста околу синагогите и еврејските училишта и споменици.
Некои палестински поддржувачи излегоа на улиците на Берлин за да го прослават нападот.