Израелската војска во неделата наутро, на 8 октомври, соопшти дека цели кон јужен Либан, откако неколку минофрлачки гранати биле истрелани на израелска територија.
Ракетите паднале во спорната област на планината Дов на границата со Либан, а нема извештаи за повредени или материјална штета, јавуваат израелските медиуми, пренесува агенцијата АФП.
„ИДФ (Израелските одбранбени сили) преземаат подготвителни мерки за овој вид можност и ќе продолжат да дејствуваат во сите региони и кога е потребно за да се обезбеди безбедност на израелските цивили“, се вели во соопштението на армијата.
Најавата дојде еден ден откако Израел се соочи со ненадеен напад од страна на палестинскиот исламистички Хамас од Појасот Газа на југ.
Видете и ова: Израел „во војна“ по ненадејните напади на Хамас, стотици мртвиХамас и други палестински организации вклучени во вооружената борба со Израел се присутни и во Либан, потсетува АФП.
Шиитската милитантна организација Хезболах соопшти дека истрелала ракети и гранати од Либан кон северен Израел, пренесе агенцијата ДПА.
„На патот за ослободување на нашата окупирана либанска земја и во знак на солидарност со победничкиот палестински отпор и борбата на палестинскиот народ, бригадата на мачениците (Хезболах) Хаџ Имад Мугније во Исламскиот отпор (Хезболах) утринава, во недела, 8 октомври 2023 година нападна три места на ционистичка окупација во окупираната област на либанска Шеба“, се вели во соопштението на групата.
Три места во фармите Шеба, појасот земја на либанско-сириската граница и Голанската висорамнина под израелска окупација, се директно погодени, се вели во соопштението.
Се додава дека цел на ракетите биле радарите, градот Забдин и градот Руваисат Ел-Алам, со голем број артилериски гранати и наведувани проектили.
Стотици мртви и повредени има во борбите кои почнаа откако милитантите на Хамас започнаа напад врз Израел. Десетици борци на Хамас се инфилтрираа преку силно утврдената граница, а израелската војска по нападот гаѓа цели на Хамас во Газа.
Стотици мртви и повредени во борбите кои почнаа откако милитантите на Хамас започнаа напад врз Израел. Десетици борци на Хамас се инфилтрираа преку силно утврдената граница, а израелската војска по нападот гаѓа цели на Хамас во Газа.