Најмалку 232 Палестинци загинаа во израелските воздушни напади во Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Тоа е повеќе од 198 смртни случаи регистрирани претходно денеска од здравствените власти во Појасот Газа.
Последните податоци покажуваат дека во нападите се повредени најмалку 1.610 лица.
Израел ја започна она што ја нарече „Операција Железен меч“ како одговор на упадот на Хамас.
Портпаролот на израелската војска изјави дека од воздух гаѓале цели во Газа.
Видете и ова: Израел „во војна“ по ненадејните напади на Хамас, стотици мртвиХамас тврди дека држи десетици израелски војници. Десетици израелски војници се заробени од Хамас, изјави портпаролот на групата.
Оваа изјава доаѓа откако израелската армија потврди дека цивили и војници биле однесени во Газа.
Тој не понуди повеќе детали, одбивајќи да коментира колку Израелци биле заробени.
Портпаролот на израелската војска контраадмирал Даниел Хагари изјави дека заложниците биле во градовите Офаким и Беери.
Израелските одбранбени сили објавијанови информации за нападот на Хамас, велејќи дека Израел истрелал одмазднички напади врз Појасот Газа, откако милитантната група истрела ракети и влезе во земјата утринава.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Израелската воена операција би можела да потрае долго. Вечерва кон Тел Авив се истрелани околу 500 ракети, а се проценува дека денеска биле истрелани вкупно околу 3.500 ракети.
Во Израел се уште има 22 локации каде што се водат борби. Мобилизирани се претежно специјални сили за борба.
Армијата, исто така, објави дека е фокусирана на враќање на безбедноста на заедниците низ Газа и на разговори за идните чекори.
„Стотици“ милитанти беа вклучени во денешниот напад, соопшти војската, додавајќи дека „сè е на маса“ во однос на воените опции, вклучително и копнена инвазија на Газа.