Русија изврши десетици воздушни напади врз Украина во текот на ноќта меѓу 6 и 7 октомври, додека украинската војска извести за континуиран бавен напредок во нејзината тековна контраофанзива.
Украинскиот Генералштаб за време на дневниот брифинг соопшти дека нејзините сили бавно напредуваат во областите Мелитопол на југ и Бахмут на исток.
Портпаролот на источната група сили на Украина на 6 октомври изјави за РСЕ дека силите на Киев добиле „до 400 метри“ територија во пошироката област Бахмут и ги држат своите нови позиции против тешките руски напади.
Видете и ова: Украина тагува за десетици жртви по руските напади во последните 48 часа„Не можам да дадам детали бидејќи непријателот ги користи овие информации“, рече портпаролот Илја Јевлаш.
„Мораме да заземеме основа и само тогаш можеме да зборуваме за тоа поотворено“, додава тој.
Четворица цивили се повредени во пристанишниот град Одеса на Црното Море како резултат на ракетниот напад во текот на ноќта кој погоди станбени згради и житница.
Ракетите биле лансирани од крајбрежен ракетен комплекс во украинскиот регион Крим, окупиран од Русија, соопшти украинската војска.
Во текот на ноќта беа издадени предупредувања за воздушен напад во регионите Харков, Полтава, Чернихив и Суми.