Иранска активистка добитничка на Нобелова награда за мир

Добитеничка на Нобелова награда за мир во 2023 е иранска активистка за правата на жените Наргес Мохамади

Затворената иранска активистка за правата на жените Наргес Мохамади ја доби Нобеловата награда за мир за 2023 година за „нејзината борба против угнетувањето на жените во Иран“.

Нобеловиот комитет одлучи да ја додели наградата на Мохамади поради „нејзината борба против репресијата на жените во Иран и нејзината борба за промоција на човековите права и слобода за сите“.

„Жена – живот – слобода“ Норвешкиот Нобеловиот комитет одлучи да ја додели Нобеловата награда за мир за 2023 година на Наргес Мохамади за нејзината борба против угнетувањето на жените во Иран и нејзината борба за промовирање на човековите права и слобода за сите„, изјави Берит Реис-Андерсен, претседател на Норвешкиот Нобелов комитет, говорејќи во петокот.

Мохамади, која е родена во 1972 година е активистка за човекови права во Иран и потпретседателка на Центарот за одбрана на човекови права.

„Нејзината храбра борба дојде со огромни лични трошоци. Севкупно, режимот ја апсеше 13 пати, ја осудуваше пет пати и ја осуди на вкупно 31 година затвор и 154 удари со камшик. Г-ѓа Мохамади сè уште е во затвор додека јас зборувам тука“, рече Андерсен.

Видете и ова: Нобелова награда за изумители на ковид вакцината

Наградата за 2023 година, исто така, им оддава признание на стотиците илјади луѓе кои „демонстрираа против политиките на иранскиот теократски режим на дискриминација и угнетување насочени кон жените“, соопшти Норвешкиот Нобеловиот комитет во објавувањето на 6 октомври.

Антивладините протести во Иран беа предизвикани од смртта на 22-годишната Махса Амини додека беше во полициски притвор поради наводно кршење на шамијата на главата. Властите одговорија на немирите со задушување на демонстрациите кои оставија стотици мртви.

Кампањата на Мохамади за слобода на изразување и права на жените го натера иранскиот режим да ја апси 13 пати, пет пати да ја осуди и да ја осуди на вкупно 31 година затвор и 154 удари со камшик.

Нобеловата награда за мир, доделена од експерти назначени од норвешкиот парламент, доаѓа со награда од 11 милиони шведски круни (околу 1 милион долари).

Минатата година, наградата им беше доделена на активисти за човекови права во Белорусија, Русија и Украина во услови на жестоки мерки на Минск и Москва против несогласувањето и инвазијата на Кремљ врз Украина. Оваа година Норвешкиот Нобелов комитет доби 351 номинација од кои 259 за поединци и 92 за организации. Целосната листа се чува во тајност 50 години.