Унгарскиот премиер Виктор Орбан вели дека договор за миграцијата на самитот на лидерите на ЕУ е невозможна мисија. Тоој ова го изјави на 6 октомври во пресрет на самитот кој се одржува во Шпанија, откако неговата земја беше надгласана претходно оваа недела за различно прашање поврзано со миграцијата.
Во средата, доволно мнозинство од земјите членки на ЕУ постигнаа компромис за идните правила за случај на особено голем број пристигнувања на мигранти. Унгарија и Полска не го поддржаа договорот. Во договорот е предвидена ревизија на правилата за азил и миграција на блокот пред паневропските избори следната година.
„Ако сте силувани легално, принудени да прифатите нешто што не ви се допаѓа, како би сакале да имате компромис? Политички, тоа е невозможно. Не денес, генерално кажано, за следните години", рече тој при пристигнувањето на состанокот во Гранада.
Видете и ова: ЕУ презема чекори за реконструкција на миграцискиот системПоследниот обид на водачите на ЕУ да се договорат за заедничка декларација за миграцијата во јуни не успеа поради различните ставови. ЕУ се обидува да го реформира својот систем за азил откако повеќе од еден милион луѓе стигнаа до нејзините брегови во 2015 година.