Шведска најави воена помош од 200 милиони долари за Украина

Архивска фотографија, украинскиот претседател Володимир Зеленски и премиерот на Шведска Улф Кристерсон

Шведска ќе и испрати на Украина нов воен пакет за поддршка, во вредност од 2,2 милијарди круни односно 199 милиони долари кој главно ќе биде составен од артилериска муниција, изјави на 6 октомври петокот министерот за одбрана Пал Џонсон.

Џонсон на прес-конференција рече дека владата и формално ги задолжила вооружените сили да испитаат дали Шведска ќе може да испрати борбени авиони во Украина.

Видете и ова: Словачката претседателка против нов пакет воена помош за Украина


Тој, сепак, повтори дека Шведска од домашни безбедносни причини ќе треба да стане членка на НАТО пред да може потенцијално да испрати какви било борбени авиони.