Во државата има поважен процес од изборите, а тоа е носење на одлуките за продолжување на евроинтеграцискиот пат, изјави на 5 октомври премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција, која ја одржа во Гренада, Шпанија, каде учествува на состанокот на Европската политичка заедница.
Премиерот вели дека е можно е да има лидерска средба, на која ќе учествуваат сите лидери на партиите, со оглед на тоа што одлуките за свикување на избори се носат со консенсуз, но останува на ставот дека сега има поважен процес во државата.
Тој вели дека прашањето околу изборите веќе е апсолвирано, тие ќе бидат во својот редовен термин.
„Ние можеме уште во понеделник да закажеме седница на Собранието на која ќе бидат изгласани уставните амандмани и истиот ден да се закажат предвремени парламентарни избори. Исто така, на маса е и друг предлог, а тоа е да се почне процесот на уставните измени. ВМРО ДПМНЕ да биде дел од Владата како што бараа, и притоа да биде завршен скринингот, да се отворат поглавјата од првиот кластер, да затвориме едно или две поглавја и потоа да одиме на претседателски и на парламентарни избори“, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање за барањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за лидерска средба на која би се утврдил датумот за одржување на предвремени парламентарни избори.
Видете и ова: ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Собранието, ако амнестијата се носи со европско знаменцеКоментирајќи го ставот на Мицкоски дека „можеби Фројд влијае на Ковачевски, па тој може да биде фрустриран од ситници“, Ковачевски тврди дека проблемите на државата се многу помалку од психотерапевтска природа, тие се повеќе проблеми од „гастроентерхепатолошка природа“.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ претходно побара лидерска средба на која би се договорил термин за одржување на претседателски и парламентарни избори.
Претседателските избори треба да се одржат во април -мај следната година, а парламентарните во јули.
За Мицкоски пак единствена тема за разговор со Ковачевски би била избори, а темата за уставните измен за него е затворена. За обвинувањата од премиерот дека Мицкоски е мал Груевски кој ја кочи интегрцијата на Македонија, Мицкоски вели дека можеби Фројд влијаел на Ковачевски, па тој можеби е исфрустиран од ситници и затоа први такви споредби.
Последната лидерска средба меѓу Мицкоски и Ковачевски се случи во јуни годинава.