Руските опозиционери зад решетки најавуваат еднодневен штрајк со глад

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Истакнати руски опозиционери, кои се наоѓаат во затвор, како Алексеј Навални, Владимир Кара-Мурза и Илја Јашин, ги повикаа колегите политички затвореници и поддржувачи да спроведат еднодневен штрајк со глад во знак на протест против угнетувањето во земјата.

Во изјавата објавена на веб-страницата на Навални на 5 октомври, критичарот на Кремљ наведува дека акцијата ќе се одржи на 30 октомври. Тој ден традиционално од 1991 година се одбележува како Ден за сеќавање на жртвите на политичката репресија за време на советската ера.

„Руските власти се враќаат на своите корени: апсења, репресија, затворени судења“, велат затворените активисти.

Кремљ ја интензивираше репресијата врз граѓанското општество во Русија откако ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Видете и ова: Рускиот суд ја одби жалбата на Навални за затворската казна од 19 години

Навални беше најгласниот руски опозициски глас во последната деценија и поттикна големи антивладини собири пред да биде затворен во 2021 година.

Тој отслужува вкупно 19 години затвор поради екстремизам и други обвиненија.