Словачката претседателка Зузана Чапутова на 5 октомври изјави дека е против нов пакет воена помош за украинските вооружени сили кои се борат против руската агресија од целосен обем. Таа го одби планот на преодната влада за испраќање нова воена помош за Украина.
Словачката претседателка вели дека владата нема ингеренции и дека партиите кои се против ваквата поддршка преговараат за формирање влада по минатонеделните избори.
Чапутова рече дека треба да се почитуваат резултатите од парламентарните избори, минатиот викенд во Словачка, на кои партијата на прорускиот левичарски политичар Роберт Фицо се најде на прво место.
Тој ветуваше дека ќе ја повлече воената поддршка за Украина, а неговата победа може дополнително да се одрази на кревкото единство во Европската унија и НАТО.
Видете и ова: Прорускиот поранешен премиер на Словачка Фицо ќе добие мандат за состав на нова владаЧапутова од почетокот на руската агресија беше непоколеблива во поддршката за Украина и два пати беше во посета на Киев. Во соопштението од претседателскиот Кабинет се вели дека таа не го променила ставот за неопходноста од воена помош за Украина.
Но, во него се наведува и дека „одобрувањето на пакет за воена помош од страна на влада во заминување ќе создаде ризичен преседан за промена на власта по какви било идни избори“.