Повеќе до 47 цивили биле убиени во руски ракетен напад врз продавница во областа Купјанск во североисточниот украински регион Харкив, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
„Брутално руско злосторство...ракетен напад врз обична продавница, апсолутно намерен терористички напад“, напиша Зеленски на Телеграм, од шпанскиот град Гранада, каде што присуствува на Самитот на Европската политичка заедница .
„Мора да се запре рускиот терор“, напиша Зеленски, додавајќи дека со европските лидери разговараат за зајакнување на украинската воздушна одбрана, за зајакнување на војската и за заштита на земјата од терор.
Нема дополнителни детали за нападот.
Околу 50 европски лидери го искористија самитот на југот на Шпанија за да нагласат дека стојат на страна на Украина, во време кога решителноста на Западот изгледа малку ослабена по ова прашање. Зеленски посочи дека одржувањето на тоа единство е „клучен предизвик“.
Самитот е формиран по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, што драстично ја ресетираше политиката во Европа и суштински го промени долгогодишното верување во мир и стабилност на континентот.
Видете и ова: Борел се надева дека САД ќе ја променат одлуката за поддршката за УкраинаИ покрај политичката, економската и воената поддршка, напорите за протерување на руските трупи од украинска територија се во застој. Во меѓувреме, минатогодишното жестоко противење на Путин покажа пукнатини, поради внатрешните конфликти и во САД и во Европската унија.
Европската политичка заедница е неформален собир, така што нема официјални одлуки, но лидерите сакаат да ја искористат оваа средба за да постигнат подобри односи и да ги решат меѓусебните спорови.