Одлуката на Конгресот на Соединетите Држави да ја исклучи помошта за Украина од пакетот за финансирање на државната админстрција беше неочекувана и секако не е добра вест, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел при пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница во Гранада, Шпанија.
„Се надевам дека тоа нема да биде дефинитвна позиција на Соединетите Држави. На Украина и е потребна поддршката од ЕУ, што сигурно ќе ја има и сакаме да ја зголемиме, но потребна и е поддршката и од САД“, рече Борел.
Тој истакна дека надеж на ЕУ, на Украинците и на сите оние кои не сакаат рускиот претседател Владимир Путин да победи во оваа војна, е дека САД ќе ја променат својата позиција и ќе продлжат со поддршката за Украина.
Видете и ова: Бајден - Поддршката на САД за Украина не смее да биде прекинатаСпоред Борел, ЕУ не може да ја надомести празнината што ќе настане со прекин на помошта што доаѓаше од САД и покрај одлуката да ја зголеми поддршката за Украина.
Тој вели дека ЕУ може да направи повеќе, но како што истакна, поддршката од САД за Украина била импресивна.
Американскиот претседател Џо Бајден на 1 октомври, по потпишувањето на законот со кој се избегна блокада на американската влада, вети дека помошта за Украина што беше исфрлена од законодавството ќе продолжи. Тој очекува Конгресот да ја усвои помошта во посебна легислатива.