Баербок ќе разговара со лидерите од Србија и Косово

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ќе отпатува на Балканот на 5 октомври во услови на зголемени тензии меѓу Србија и Косово, јавува германската новинска агенција ДПА.

Баербок ќе разговара со лидерите од Србија и Косово и ќе повика двете страни да го деескалираат конфликтот на маргините на средбата во Албанија на министрите за надворешни работи од Западен Балкан, изјави портпаролот на германското Министерство за надворешни работи.

Портпаролот на Баербок соопшти дека ситуацијата во регионот е „дефинитивно загрижувачка“.

Видете и ова: Ховениер-Прашањето за одговорноста за нападот не завршува со изјавата на Радоичиќ

Во нападот на косовската полиција на 24 септември во градот Бањска на северот на Косово, загина полицаецот Африм Буњаку, а неколку други беа повредени. Во нападот врз полицијата загинаа тројца напаѓачи, а во околината на Бањска е пронајден голем арсенал оружје. Владата на Косово ја обвинува Србија за овој инцидент, додека официјален Белград негира вмешаност.

Состаноците во Албанија се дел од „Берлинскиот процес“, кој започна во 2014 година за да се промовира соработката меѓу шесте земји од Западен Балкан.