Земјите членки на Европската унија на 3 октомври потпишаа договор за тоа како да се справи Унијата со нерегуларната имиграција во време на исклучително високи број на пристигнувања. Во договорот е предвидена ревизија на правилата за азил и миграција на блокот пред паневропските избори следната година.
Претставниците на 27-те земји-членки на блокот постигнаа договор во средата, откако ја надминаа последната расправија меѓу Италија и Германија околу хуманитарните бродови кои собираат луѓе во морето додека бегалците и мигрантите од Блискиот Исток и Африка се обидуваат да го преминат Средоземното Море за Европа.
Видете и ова: Полска и Чешка воведуваат привремена контрола на границата со СловачкаНа оваа тема 27-те земји дополнително ќе преговараат во Европскиот парламент. Тие се надеваат дека ќе имаат функционален миграциски систем пред изборите за Европскиот парламент во 2024 година, кои ќе се одржат низ Унијата.
„Сега можеме да продолжиме со преговорите. Важно е да се воспостави пактот, да се обезбеди ред на надворешните граници на ЕУ и да се намалат тековите,“ рече шведската министерка за миграција Марија Малмер Стенергард.
Според договорот, земјите како Италија каде што пристигнуваат мигранти од Медитеранот би можеле да ги забрзаат процедурите за азил и да побараат брза помош од земјите членки од ЕУ, вклучувајќи финансиска помош и преместување.
ЕУ се обидува да го реформира својот систем за азил откако повеќе од еден милион луѓе стигнаа до нејзините брегови во 2015 година.